Такер Карлсон: Путин е подготвен на компромис за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен на сериозен компромис за прашањето за Украина, изјави американскиот новинар Такер Карлсон, кој неодамна го интервјуираше рускиот лидер.

– Мислам, лидерите на сите земји на планетата, освен можеби Соединетите Американски Држави за време на униполарниот период, се принудени на компромиси поради природата на нивната работа. Компромисот е дел од него. Тоа е дипломатија. И Путин е меѓу нив – рече Карлсон на самитот на светските влади во Дубаи.

Американскиот новинар изјавил дека по интервјуто имал неформален разговор со Путин, но не откри повеќе детали за тоа, пренесува ТАСС.

Во интервју за Карлсон, Путин рече дека Русија никогаш не го одбила дијалогот за Украина, но дека по прекинот на преговорите во Истанбул во март 2022 година, таа нема да го направи првиот чекор.

12.02.2024 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега