Трагична несреќа што се случи во раните утрински часови во четврток предизвика тага и шок во грчкиот град Лариса, кога 49-годишна сопственичка на пекара трагично починала додека работела.

Локалните грчки медиуми јавуваат дека според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во миксер за тесто.

И покрај непосредната мобилизација на вработените и интервенцијата на лекарите од итната помош кои брзо пристигнале на местото на настанот, жената за жал починала.

Околностите под кои се случила несреќата ги истражуваат полициските власти.

Истрагата е во тек и нејзината смрт не се третира како убиство, туку како несреќа.

Пекарата каде што се случила трагедијата ќе биде затворена во следните неколку дена.

Exit mobile version