Табуа за сексот кои не би требало да постојат

Кога ќе престанете во креветот да размислувате за работите како да се забранети, би можеле да го доживеете најдобриот оргазам во животот, а и сексот ќе ви стане поинтимен и позабавен.

-Постојат многу парови кои во потполност ги избегнуваат сексуалните односи за време на менструацијата зашто еден или двајцата партнери тоа го сметаат за табу или за чудно. Меѓутоа, тоа не би требало да биде така. Со малку припреми и дополнително чистење, сексот за време на менструацијата може да биде забавен, како и кога било во текот на месецот, вели Емили Брукс, експерт за секс и врски.

Иако тоа не е нужно табу, сексот без допирање гениталии (односно петинг) е нешто што многу возрасни не го прават.

-Иако некои на некои луѓе им се чини како да станува збор за нешто што е резервирано за младите кои сега почнуваат со секс, фокусирање на партнерското тело, истражување и набљудување на начинот на кој реагира телото на разни видови допири можат да бидат еротски интимни, објаснува сексологот Емили Шејн.

Сексот може да значи тоа што ќе го посакате. Спротивно од она што можеби сте го навикнале, тоа не мора да подразбира пенетрација, пишува Космополитан.

Сексуалните играчки, иако и самите по себе се забавни можат дополнително да го подобрат сексот со партнерот.

-Сексуалните играчки можат да му помогнат на парот да доживее оргазам во исто или речиси исто време, а додаваат и нова димензија и сензација на сексот. Играчките на многу парови им помагаат да се забавуваат во кревет, а и да постигнат повисоко ниво на интимност, изјави сексологот Сира Дејса.

Мали грубости, но и притисок не се ништо страшно, согласни се сексуалните терапевти.

-Загризи и слични работи можат некому да донесат многу задоволство. Како и кај секој друг, додека сите вклучени знаат што можат да очекуваат и да се согласни на тоа, нема причина повремените грубости да бидат табу, вели Кејла Лордс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа