Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СЗО смирува за хантавирусот: Ова не е почеток на епидемија

    СЗО смирува за хантавирусот: Ова не е почеток на епидемија

    07.05.2026 во 19:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драмата со смртоносниот хантавирус на крузерот „MV Hondius“ продолжува да се одвива додека бродот плови кон Канарските Острови. Досега од опасниот вирус починаа три лица – холандска брачна двојка и еден германски државјанин, додека бројот на заразени и лица под надзор расте во повеќе држави низ светот.

    Првите претпоставки се дека инфекцијата започнала уште во Аргентина, од каде што бродот исплови на 1 април.Истражувачите веруваат дека станува збор за реткиот „андески сој“ на хантавирус, кој, за разлика од обичните видови што се пренесуваат исклучиво преку глодари, има способност да се пренесува и од човек на човек при близок контакт.

    И покрај драматичните сцени и високата стапка на смртност (која според СЗО може да достигне до 40 отсто кај овој сој), експертите категорично предупредуваат дека ситуацијата не смее да се споредува со пандемијата на коронавирусот.

    „Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестирањето во истражувања за патогени како овој е клучно, бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи“, изјави Марија Ван Керхове, раководител на Одделот за превенција и подготвеност за епидемии при СЗО во Женева. Сличен став дели и д-р Лусил Блумберг од Јужна Африка, која децидно порача: „Ова навистина не е Ковид“.

    Надеж влеваат вестите од Универзитетот во Бат во Англија, каде тим предводен од професорката Асел Сарбаева веќе работи на развој на вакцина против хантавирусот. Првичните тестирања врз животни покажале силен имунолошки одговор, а следниот чекор се клинички испитувања врз луѓе.

    Во меѓувреме, шпанските власти на Тенерифе се подготвуваат за пристигнувањето на крузерот под строги безбедносни протоколи. Бродот нема директно да влезе во пристаништето, туку патниците ќе бидат префрлени во изолирана зона пред да бидат транспортирани до аеродромот.

    Прочитај повеќе

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.