По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581
килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.
Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.
На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.
Актуелно
- Трамп менува генерал среде „војна“ на Карибите: Донован доаѓа на чело на американските сили за Латинска Америка
- Божиновска: Силна меѓуинституционална координација за успешна примена на Планот за праведна транзиција
- Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал
- Зеленски по разговорите во Мајами: Подготвени се нацрт-документите за крај на војната
- Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза
- Грета Тунберг уапсена во Лондон
- Ѓорѓиевски: Изречени се казни за загадувачите во Скопје, толеранција за никого нема да има
- Алармантно кај Новаци: Се активира свлечиште на патот кон Маково, сообраќајот се одвива по девијација

