По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581
килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.
Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.
На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.
Актуелно
- „Скопје се гради и ноќе за да се избегне колапс“: Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид кај Рампа
- Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен
- Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа
- Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира
- Го грабнале, па тепале под закана со огнена оружје – драма во тетовско Гајре
- Трагедија кај Виница: Загина млад возач
- Детали за пожарот во Трговскиот центар во Кочани: Плинска боца се запалила во кујна од ресторан
- Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани


