Свлечиште однесе најмалку 16 животи: затрупани цели семејства во Еквадор
Најмалку 16 лица загинале во лизгање на земјиштето што затрупа цели семејства под кал и урнатини во планинско село во Еквадор.
Шест лица се извлечени од калта, додека, според властите, најмалку седум се уште се водат како исчезнати, јавува Би-би-си.
Пожарникарите, полицијата и специјализираните спасувачки екипи се распоредени во кантонот Алауси, во Андите, за да бараат затрупани граѓани. Повеќе од 10 лица се повредени.
27.03.2023 - 21:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа