Светот во неверување: Се самоуби Твич, диџејот од шоуто на Елен

Почина Стивен Бос, познат како Твич (tWitch).

40-годишниот танчар, кој долги години беше диџеј во шоуто на Елен Деџенерис, се самоуби.

Веста ја потврди неговата сопруга, Алисон преку социјалната мрежа Инстаграм. Само пред неколку денови тие славеа 9-годишнина брак.

Неофицијално, Твич е пронајден во хотелска соба, со прострелна рана во главата. 

Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think Can Dance“, а потоа имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.

И пензионираната Елен, преку социјалните мрежи се прости со Твич. „Моето срце е скршено. Твич беше полн со чиста љубов и светлост. Тој беше моето семејство и го сакав со целото срце“, напиша Елен на социјалната мрежа „Инстаграм“, објавувајќи заедничка слика со диџејот Твич.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

14.12.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега