Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од
пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна
облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен
чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални
мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени
исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште
еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на
засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на
компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“
истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од
трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.
Актуелно
- Ален Рустемовски и Катерина Попева избрани за спортисти на годината
- Петрушевска објави убава вест за Македонија: ПССЕ го затвори пост-мониторинг дијалот со Македонија
- Тешко на Данците: В пензија дури на 70 години
- Трамп сугерира дека Хамас ќе се разоружа
- Меланија му напиша писмо на Путин, тој и одговори
- Јаневска: Во моментов работиме по пријави за фалсификат дипломи, изречени се казни
- Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“
- Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

