Супер вести за средношколците: Бесплатен автобуски превоз и за летниот распуст
ЈСП Скопје ги информира средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.
– Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука…“, соопшти ЈСП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа