Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

    13.03.2026 во 20:37

    Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

    13.03.2026 во 20:35

    Пентагон со порака до Техеран: Иран е единствената закана за слободниот проток на нафта

    13.03.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите
    • Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет
    • Пентагон со порака до Техеран: Иран е единствената закана за слободниот проток на нафта
    • Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности
    • Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени
    • Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
    • Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство
    • Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    20.01.2026 во 14:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа 535-та итна седница со единствена точка на дневен ред: „Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“.

    Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, за кого претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

    Откако ОЈО ГОКК го сослуша Ристов и му ги предочи доказите, достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство. Од Кривичниот суд претходно информираа дека судијата на претходна постапка го добил предлогот, но бидејќи се работи за судија кој ужива имунитет, постапката беше ставена во мирување додека не се произнесе Судскиот совет. 

    „Судијата веднаш достави известување до надлежниот Судски совет од каде се очекува одговор, по што ќе продолжи со постапување“, соопштија од Кривичен.

    Доколку попладнево Судскиот совет му го одземе имунитетот на Ристов, се отвора патот Кривичниот суд да донесе решение за негов куќен притвор.

    Во куќата на родителите на Ристов, истражителите најдоа 350.000 евра заѕидани во ѕид.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.