Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судот ги виде пораките од телефоните на обвинетите во „Пулс“ – „пушти ја ќерка ми да влезе“

    Судот ги виде пораките од телефоните на обвинетите во „Пулс“ – „пушти ја ќерка ми да влезе“

    09.07.2026 во 14:11Updated:09.07.2026 во 14:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со презентација на докази обезбедени од телефонски апарати на дел од обвинетите, денеска во судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

    Во судница беа презентирани комуникации меѓу обвинетите, меѓу кои и размена на пораки преку Фејсбук, Вибер и Месинџер.

    Одбраната реагираше дека во дел од презентираните документи воопшто не се спомнува дискотеката „Пулс“.

    Еден од адвокатите посочи дека обвинетите биле изложени на јавни навреди и осуди во медиумите. Тој побара повторно да биде презентирана комуникација во која, според него, еден од обвинетите и еден од оштетените разговарале за тоа дали малолетна ќерка да биде пуштена во „Пулс“.

    „Од доказите на Обвинителството ни останаа уште градежните вештачења и градежните вештаци“, рече судијката Дијана Груевска-Илиевска на крајот од денешното рочиште.

    По изведувањето на доказите на Обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која најави дека располага и со две вештачења.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Следното рочиште е закажано за 14 јули.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.