Возел автомобил и покрај тоа што имал активна забрана за управување, по што предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која се судрија три возила, а четири лица завршија во болница.
Ноќниот кошмар на патот Битола – Маково резултираше со итно лишување од слобода на еден од возачите веднаш по завршувањето на полицискиот увид.
Крвавиот судар се случил во близина на битолското село Логоварди, каде буквално се згмечени три патнички автомобили управувани од 23-годишни момчиња.
Во жестокиот судар учествувале возила од марките „Ауди“, „Форд“ и „Мазда“, при што со тешки телесни повреди се здобиле двајца од младите возачи.
Покрај нив, со повреди по телото поминале и двајца сопатници во автомобилите, меѓу кои едно 29-годишно лице и едно 13-годишно дете.
Сите повредени во несреќата веднаш биле транспортирани со возила на Итна помош и кај нив се констатирани повреди во Клиничката болница во Битола.
Полицијата го уапси 23-годишниот возач на „Аудито“, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен кривичен поднесок.


