Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    21.09.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, започна одново поради промена во составот на Судечкиот совет.

    Од Судот информираат дека еден од поротниците известил оти поради здравствени причини повеќе од еден месец нема да може да присуствува на судењата. Вториот поротник, пак, посочил дека поради други ангажмани повеќе нема да учествува во судските процеси.

    Судењето го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова.

    Обвинителството останува целосно на обвинението, потврди Андонова.

    Обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно се произнесоа пред Судот во однос на обвинението. Сите изјавија дека остануваат на претходно дадените искази и не признаваат вина.

    Од Судот информираат дека досега изведените материјални докази и сослушаните сведоци се преземаат во новата постапка, по што продолжува изведувањето на доказите со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

    Случајот се однесува на трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Според обвинението, полициските службеници кои биле на должност во критичниот период истовремено биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата и не спречиле употреба на пиротехнички средства.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.