Во судницата денеска „прштеа“ обвинувања на сметка на Стојанче Јовановски. Сведокот Саздов откри дека обвинетиот се обидувал да го намести за закани во полиција, додека истовремено водел двоен живот со други жени и брутално ја претепувал сопругата. И покрај обидите на Ивана да се избори за својот имот и достоинство, заканите со експлицитни снимки и физичката сила на Стојанче биле посилни.
Судењето продолжува со изведување на нови докази и сведоштва кои треба да расветлат како дошло до кобниот крај за мајката и малолетното девојче.

