Студенти од Правниот факултет ќе им даваат бесплатна правна помош на жртвите од „Јавна соба“

Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе им даваат бесплатна правна помош на жртвите чии лични податоци и фотографии се злоупотребени во скандалозната група „Јавна соба“ на Телеграм.

-Правната клиника по казнено право и Правна клиника за ранливи групи на Правниот факултет "Јустинијан Први" - Скопје ќе им обезбедат бесплатна правна помош, информација и совет на сите жртви на сексуално насилство и вознемирување во случајот "Јавна соба" за водење кривична постапка, барања за надомест на штета или други постапки пред државни органи. Контакт на kaznenoklinika@pf.ukim.edu.mk и на телефон 077 68 67 23. Податоци и информациите од лицата кои ќе нé контактираат се чуваат доверливи, велат од Правниот факултет.

Претходно, помош понудија индивидуални психлози но и платформата Разговор.мк каде жртвите ќе можат да добијат бесплатна помош и поддршка од 30-тина психолози.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега