УХМР ги објави температурите утрово низ Македонија, пред најавените дождови и промена на времето.
Тетово, Битола и Крива Паланка со шест степени се најстудените градови во 8 часот во Македонија.
Како и секој ден така и денеска, Гевгелија е најтоплиот град во Македонија, а УХМР во осум часот измери 13 степени.
Во Скопје во осум часот УХМР измери 8 степени.
Денот ни носи променливо време, со малку сонце, малку облаци, а попладне и можност за слаб дожд. Врнежите најпрво се очекуваат во западните делови од земјава, а подоцна може да се прошират и во останатите региони.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 0 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 20 до 26 степени.
Во Скопје нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од утрински 6 до дневни 23 степени.

Но, чадорот не го оставајте дома! Од утре, па сè до почетокот на следната работна седмица, нè очекува понестабилен период со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Во четврток се можни и ретки грмежи, а во утринските часови во некои делови од земјава ќе има услови за појава на магла.
Ветерот ќе биде претежно слаб до умерен од југоисточен правец, со исклучок на петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер.
Уживајте во сончевите периоди, но бидете подготвени и за дождливи изненадувања.