УХМР ги измери температурите низ Македонија во осум часот утринава. Мерните станици покажаа дека ова утро, понеделник, 21.09.2026, најниска утринска температура има во Берово, каде се измерени само 10 степени.

Кавадарци, Ѓуриште и Пожаране имаат највисока температра од 17 степени.

Во Скопје пак, УХМР во осум часот денеска измери температура од 15 степени Целзиусови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, додека максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.

УХМР

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне, во делови од котлината, ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Exit mobile version