На 19 септември 2026 година во 20:00 часот, во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, жената била ангажирана заедно со нејзината мајка за хигиеничарски услуги во објектот, кога едно лице физички ја нападнало и несоодветно ја допирало по телото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


