Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк се сретнал со американскиот државен секретар Марко Рубио, оценувајќи ја средбата како значајна за натамошното зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.
Мицкоски по средбата објави дека разговорот бил можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Премиерот посочи дека во услови на актуелните геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со стратешките сојузници имаат особено значење.
„Имаме јасно дефинирани државни интереси и продолжуваме да ги застапуваме достоинствено и принципиелно во соработка со нашите стратешки партнери“, наведе Мицкоски.
Тој додаде дека Северна Македонија продолжува со јакнење на македонско-американското стратешко партнерство и создавање нови можности за соработка.


