Утринава најниски температури во земјава се измерени на Попова Шапка, каде се регистрирани -5 степени Целзиусови. Во Маврови Анови е измерен -1 степен, додека во повеќе градови низ државата температурите се движеа околу нулата.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Крива Паланка – 18 литри на метар квадратен. Во Виница се регистрирани 13, а во Пожаране 11 литри на метар квадратен, додека во останатите делови врнежите беа со помал интензитет.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа и засилен северен ветер.

Максималните температури во земјава ќе се движат од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Exit mobile version