Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до сите работници во државата по повод Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи го нивниот секојдневен придонес за општеството.

Гаши во својата порака истакна дека овој празник е посветен на знаењето и одговорноста на секој поединец.

„Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество“, напиша Гаши во честитката.

Спикерот на Собранието посочи дека работничките права и социјалната правда мора да бидат постојана обврска на која треба да се стреми државата.

Тој упати и директна благодарност до сите вработени во земјава.

„На сите работници во Република Северна Македонија им упатувам искрени честитки и благодарност за нивниот придонес. Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата“, истакнува Гаши.

Според претседателот на Собранието, институциите имаат клучна одговорност во креирањето услови за безбедна и достоинствена работа.

Тој нагласи дека секој човек заслужува да биде почитуван и соодветно вреднуван на своето работно место.

„Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, ви посакувам добро здравје, благосостојба и многу успех на личен и професионален план. Честит 1 Мај – Ден на трудот“, нагласува Гаши.

Exit mobile version