Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество.

„Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој што искрено верува во социјалдемократските вредности, цврсто стојам на ставот дека економскиот напредок мора да оди рака под рака со социјалната правда. Секој работник треба да се чувствува безбедно и заштитено на своето работно место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван,“ порача Герасимовски.

„Во Општина Центар остануваме посветени на политиките што го мотивираат и поддржуваат работникот, бидејќи луѓето се нашиот најголем капитал,“ додаде градоначалникот.

Exit mobile version