Струмичанец во автомобилот превезувал 12 мигранти

 

23-годишно момче од селото Банко во својот автомобил превезувал 12 мигранти.

-Вчера околу 21.40 часот на регионалниот пат Струмица- с.Дабиље, на влезот на с.Дабиље, полициски службеници запреле патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од с.Банско, струмичко. При преглед во возилото биле проинајдени 12 мигранти, велат од полицијата.

За настанот бил известен Јавен обвинител, кој дал наредба возачот да биде лишен од слобода и против него да се  поднесе соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега