Страшно предупредување на српскиот имунолог: Ако не сакате да носите маска ќе размислите по вторпат откако ќе ги видите овие фотографии

 

Имунологот и член на кризниот штаб во Србија, д-р Срѓа Јанковиќ, на својот Фејсбук профил ја сподели објавата на престижниот „Медицински центар Свети Лука“ од Филипините.

Пораките испратени од овие слики се застрашувачки!

Кога ќе ги видите, ако сте против носење маски и општо непочитување на епидемиолошките мерки, веројатно ќе се предомислите.

Секоја од овие три објави се состои од два слики и краток, но ефективен коментар.

На првата објава има двајца мажи и двајцата велат дека не можат да дишат, едниот се буди со маска, а другиот се бори за живот на апарати за дишење.

На втората објава има две жени, од кои едната страда затоа што е „заклучена“ во својот дом и вели дека не сака да биде сама, а истото го мисли и другата, која е во очигледно тешка состојба во болнички кревет.

Последните две слики ја имаат најстрашната порака.

- Не сакам лицето да ми биде покриено “- тие зборови се наоѓаат под сликата на жената на која и пречи маската, но исто така и под сликата на починатиот кој е покриен со чаршав.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2021 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега