Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случи кај штипската населба Три чешми.

Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија.

Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите. Несреќата се случи по 7 часот меѓу камион и автомобил. 

Exit mobile version