Вчера околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(43) од с.Крушопек, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(22) од Скопје, додека со телесни повреди возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Exit mobile version