При донесувањето на Буџетот или неговиот ребаланс во Собранието, секогаш се отвораат дебати, анализи и политички ставови, при што често има и различни очекувања меѓу власта и опозицијата во однос на реализацијата на економските проекции, истакна пратеникот Душко Иванов во гостување на ТВ 24 во емисијата „Анализа“, се наведува во партиско соопштение.
Тој посочи дека во јавноста и во Собранието често се изнесуваат различни гледишта за економските политики, но дека постојат и извештаи и анализи, меѓу кои и од Светска банка, кои, како што рече, содржат параметри за работењето на Владата, инфлацијата, инвестициските циклуси и јавниот долг.
Иванов се осврна и на поддршката за земјоделството, при што наведе дека во изминатите години се исплатени значителни средства за субвенции, со посебен акцент на тутунопроизводството и руралниот развој. Според него, во последниот период е забележано зголемување на исплатите и раст на производството на тутун во однос на претходните години.
Тој оцени дека Владата презела мерки за справување со ценовните шокови на светските пазари, со што, како што рече, е придонесено за стабилизирање на економските движења и ублажување на влијанието врз граѓаните и стопанството.


