Во текот на изминатата ноќ во Прешево избувнала физичка пресметка меѓу двајца државјани на Албанија. Во инцидентот со тешки телесни повреди завршило трето лице, кое во моментот се обидело да го спречи конфликтот и да ги раздели мажите.

Повредениот маж кратко по полноќ бил итно примен во Здравствениот дом во Врање. Медицинските лица кај него констатирале убодни рани во предел на стомакот и градите.

Досега, ниту локалната полиција, ниту надлежното јавно обвинителство сè уште се немаат официјално изјаснето со детали за овој случај и за мотивите зад физичката пресметка, пренесува српски „Блиц“.

Истрагата на терен е во тек со цел целосно расчистување на крвавиот инцидент.

Exit mobile version