Вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица Мајка Тереза, пред влез за Клинички центар „Мајка Тереза“- Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од село Волково, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Т.(35) од Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Exit mobile version