Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13 часот на патната делница Шабац-Рума, во близина на клучката Хртковци. Во несреќата животот го загубија три лица, додека две лица се здобија со телесни повреди.
На терен веднаш пристигнаа екипи на итната помош, кои ги згрижуваат настраданите. Извор упатен во случајот за „Телеграф.рс“ потврди:
„Три лица загинаа на лице место, а две се повредени. Екипи на брза помош се на местото на настанот и им пружаат помош на повредените“.
Според првичните сознанија, се сомнева дека до трагедијата дошло откако возило се вклучило во погрешна сообраќајна лента, движејќи се во спротивна насока на автопатот.
Поради извршувањето на увид на местото на несреќата, сообраќајот на овој дел е целосно запрен. Надлежните полициски служби работат на утврдување на сите околности што доведоа до оваа сообраќајна несреќа.


