Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Актуелно
- Лоши вести за возачите: Горивата поскапуваат
- Метео предупредување од УХМР: Подгответе се за пообилни врнежи, снег на планините и силен ветер
- Стружанец остана без автомобилот: Го возел „голфот“ иако имал забрана за управување
- Трагедија на патот Подмоље – Струга: Камион усмрти пешак кој претходно бил пријавен за исчезнат
- Општина Центар со честитки за несовесните возачи: 86 казни за паркирање на зелени површини
- Поскапеа IQOS цигарите
- НП Шар Планина со предупредување: Зголемена опасност од лавини, се апелира на максимална претпазливост
- Пајакот прави чистка во Центар: Отстранети 117 непрописно паркирани возила


