Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција; предупредуваат од Националниот парк Шар Планина.
Од Националниот парк Шар Планина апелираат до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:
-движете се внимателно во планински услови
-избегнувајте ризични и стрмни терени
-користете соодветна безбедносна опрема
„Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата.
Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, известуваат од Националниот парк Шар Планина.
Актуелно
- Гркинки „пазареле“ без да платат во Аеродром: Приведени две жени за кражба во трговски центар
- Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите
- Манасиевски: Филипче е „заштитено лице“ на судството
- Македонската царина пуштена на најако: Запленети 200 килограми дрога, илјадници евра и лекови
- Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче
- На трагедиите им нема крај: Почина едномесечно бебе од Тетово
- Андоновски: Македонија прави системски чекори за употреба на ВИ во јавната администрација
- Трипуновски најави нови правила за субвенциите: Пари ќе има само за тие што навистина произведуваат


