Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, соопштија од УХМР.

Утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе засилен повремено силен северен ветер.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец.

Од УХМР најавуваат дека во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

Exit mobile version