Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
- Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
- Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
- Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
- Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
- Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
- Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани
- Армијата го изгасна пожарот на Јабланица, локализиран и огнот над манастирот во Смилево
- Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја

