Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
    • „Да се говори значи да се има став“ – со ученичка дебата во Собранието одбележан Светскиот ден на наставниците
    • За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
    • Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
    • Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија
    • Од туѓа картичка извадил 60.000 денари, среќата кратко му траела – доби кривична пријава
    • ЦУК одбележува 21 година од основањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците

    Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците

    05.10.2026 во 18:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стопанска комора бара кратење на празниците за да се зголеми продуктивноста на работниците. На адресата на Министерството за економија и труд ќе достави два предлози за законски измени.

    Првиот со кој работникот ќе си избере сам за кои два верски празници ќе одмара, а кои останати ќе ги работи. Вториот предлог е кога државен празник ќе се падне в недела, да нема дополнителен неработен ден.

    Во Македонија има вкупно 11 неработни денови за сите граѓани. Покрај нив, православните верници имаат уште 5, католиците 3, а муслиманите уште еден.

    По еден неработен ден имаат и сите припадници на малцинските заедници. На пример, овие измени во пракса би значеле православен христијанин да си избере кои два дена меѓу Бадник, Водици, Велики Петок, Духовден или Голема Богородица ќе ги празнува, а за кои три ќе биде на работното место.

    Комората направила анализа на 36 европски економии кои во просек имаат од 11 до 14 неработни денови. Македонија го следи европскиот просек со државните неработни денови, но кога ќе се додадат и верските, се искачува на пиедесталот како држава со најмногу неработни празнични денови.

    Работодавците сепак немаат направено анализа на домашниот пазар за тоа колкава е загубата на компаниите за време на државните и верските празници кога работниците се дома, ниту за колку би се зголемил нивниот профит доколку работниците во овој период се на работа.

    Од Сојузот на синдикати со став дека работниците заслужуваат одмор и да ги празнуваат деновите кои се наменети токму за време со семејството.

    Ги прашавме и граѓаните, што мислат за кратењето на празничните денови.

    Во последната програма за неработни денови на Министерството за економија оваа година предвидени се вкупно 27 неработни денови, иако тоа не значи дека секој работник одмара скоро еден месец, бидејќи дел од празниците важат само за одредени верски или етнички групи на граѓани.

    Прочитај повеќе

    Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    05.10.2026 во 18:00

    Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември

    05.10.2026 во 15:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.