Столтенберг: НАТО и КФОР будно ја следат ситуацијата на Косово

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кажа дека е разочаран затоа што не бил постигнат договор меѓу Србија и Косово за регистерските таблички.

„Разочарани сме затоа што не беше постигнат договор. Сега е време за одговорност и решенија. Ескалација мора да се избегне. КФОР и НАТО будно ја следат ситуацијата во Косово“, кажа Столтенберг.

Претходно и Жозеп Борел изрази жалење затоа што не бил постигнат договор меѓу двете страни.

21.11.2022 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега