Столтенберг најверојатно ќе остане на чело на НАТО уште една година

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг најверојатно ќе остане на кормилото на најголемиот воен сојуз уште една година, бидејќи според неофицијални информации, раководството на НАТО се уште не може да постигне консензус за тоа кој би бил негов наследник пред самитот во средината на јули во Литванија.

Норвежанецот е на позицијата генерален секретар веќе 9 години, а тој ужива огромна поддршка во Алијансата па како ефективен лидер па затоа продолжување на неговиот мандат не би претставувал проблем кај сите земји членки. Администрацијата на американскиот претседател Бајден веќе размислува за оваа опција, а шансите за Столтенберг да остане уште една година се зголемуваат со приближувањето на самитот во Вилнус, бидејќи покажувањето на евентуално неединство ќе фрли црна дамка на НАТО во моменти кога продолжуваат да реагираат на руската агресија.

Инаку претходно, повеќе имиња се спомнуваа во јавноста како можни наследници, а најголеми шанси се даваа на британскиот министер за одбрана Бен Валас кој и минатата недела рече дека ја сака оваа позиција, но, добри шанси има и данската премиерка Мете Фредериксен која би можела да стане првата жена која ќе ја има оваа функција.

17.06.2023 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега