„Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДС и ДУИ“, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратнеикот од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот.

СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Те не им чинело едно, те друго, те мислеле ќе злоупотребуваат податоците на граѓаните. Тука се поставува едно логично прашање, што правеа додека беа на власт заедно седум години, ако толку нешто не чини, или беа и се уште се здружени само за лични цели.

 Зошто нивниот министер Оливер Спасовски, не направи ништо по прашањето за безбедност на граѓаните во сообраќајот?

Дека е користен проектот безбеден град, поточно систем за граѓаните говори и статистиката.

Првиот ден кога стартуваше, беа регистрирани околу 110 илјади прекршоци, а за само 24 часа бројката на сообраќајните прекршоци е намалена за половина или на околу 50 илјади прекршоци.

Што се однесува до жртви на патиштата. Бројката на жртви во сообраќај во Република Македонија е 65 лица на еден милион жители, а европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители или во Македонија има четвртина повеќе од европскиот просек.

Во декември 2025 година и јануари оваа година, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи.

СДС и ДУИ се против систем кој придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да се грижи и да носи мерки и закони корисни за граѓаните.“, изјави Стојановски.

Exit mobile version