Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Македонија на Јуниорскиот Евросонг: Гласајте за Ана Стојаноска
    • Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Опозицијата не сака нов Изборен законик туку блокада, ние веднаш ќе го прифатиме нивниот предлог

    Стојаноски: Опозицијата не сака нов Изборен законик туку блокада, ние веднаш ќе го прифатиме нивниот предлог

    13.07.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој посочи дека процесот трае со месеци, но дека однесувањето на опозициските партии во моментов покажува одолговлекување на процесот.

    „Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот „benchmark“ што го имаме како врска од реформската агенда. После четири месеци секојдневно работење и во Министерството за Правда, но и во Собранието, сега гледаме дека се бараат експертски расправи и така натаму, со што уште еднаш укажуваме дека сепак најверојатно постои договор помеѓу опозициските партии овие закони да не бидат прифатени“.

    Стојаноски посочи дека се што ќе договорат тие, власта би прифатила без никаков услов, додека, како што нагласи во тоа законско решение е вклучено и гласањето на дијаспората.

    „Остануваме и понатаму, веднаш спремни такво законско решение да го прифатиме, да го потпишеме и да го поднесеме со цел Македонија да добие изборен законик кој што ќе го унапреди моделот на изјаснувањето на дијаспората, но и ќе ги исполни обврските од европската агенда.“

    Пратеникот од владејачкото мнозинство предупреди дека роковите се куси и дека јавноста набрзо ќе ја види вистинската намера на политичките чинители.

    „Доколку тоа не се случи во текот на денешниот ден, а со оглед дека рокот е до 15 јули, уште еднаш ќе се покаже хипокризијата, каде што во првиот дел од денот не обвинуваат дека не сме ориентирани кон исполнување на реформите за приближување кон Европската Унија, во вториот дел од денот самите ги блокираат“.

    Прочитај повеќе

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11

    Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

    24.10.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.