Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Ние како членови на Анкетната, подготвени сме да работиме и 24 часа, со цел постапката да е темелна

    Стојаноски: Ние како членови на Анкетната, подготвени сме да работиме и 24 часа, со цел постапката да е темелна

    05.12.2025 во 09:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија  која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано.

    „Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна комисија, да се разговара за сите 138 жртви за сите оние трагедии кои што се случија, затоа што сметавме дека на таков начин сите треба да ги изведеме пред парламентот и преку една Анкетна комисија да дадеме одговори на сите прашања“, вели Стојаноски и додава:

    „Јас не сметам дека тоа е криење или бегање, или саботирање туку е еднаква шанса, заради тоа што и во нашата предлог одлука беше инволвирана оваа трагедија како прва, бидејќи во сите оние одлуки кои што се поднесуваат има начин на кој што се тие формираат согласно Деловникот. Не можам да се согласам со тврдењето дека ние нешто саботираме, дека од нешто бегаме, кога секако овој случај ќе го добие приоритетот во рамки на таа правна рамка во која што е донесена одлука“.

    Стојаноски вели дека двете одлуки прецизно ја утврдуваат работата на Анкетната комисија, која ќе трае 45 дена, а по завршувањето следува дополнителен рок од 30 дена за изготвување на извештај, и доставување на истиот до надлежните институции.

    „Во двете одлуки е дефинирано дека таа Анкетна комисија во согласност и во координација меѓу сите оние кои што членуваат, може да донесе Деловник на работа, но и  сите гости и сведоци динамиката на работа треба да биде утврдена помеѓу сите пратенички групи. Таму вели дека од моментот кога ќе почне, до моментот додека заврши со работа има 45 дена. Не сметам дека е малку, затоа што ако се има волја, се наоѓа и начин како тоа да се заврши. Веднаш кога ќе завршат тие 45 дена, имаме 30 дена рок да го изготвиме извештајот и да го поднесеме до сите релевантни институции“, истакна Стојаноски.

    Тој нагласи дека подготвени се да работат дури и 24 часа, доколку е потребно, со цел постапката да биде темелна.

    „Нашиот предлог е ако треба ќе работиме 24 часа, но  секој оној кој што е инволвиран, и секој оној кој што сака да предложи некој да биде сослушан, ќе добие шанса“, посочи Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.