Стојаноска: Мисајловски е ликот кој ве потсетува на вистински борец, ве потсетува на се’ она што не сте вие

Не можам да поверувам дека повторно ќе се служите со истите методи… Владо Мисајловски е ликот кој ве потсетува на вистински борец, чесен човек и омилен лик меѓу своите. Ве потсетува на се’ она што не сте вие. Само да знаете дека со ова не покажувате сила, туку страв. Кукавици! Во паника сте од поразот и од одговорноста што ви следува после тоа. Ние сме посилни од ова ваше зло. Сме прошле многу. Ни остана уште малку, напиша Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.

-Владо, брату, насмеј им се, како што тоа најмногу ти прилега, но не им заборавај. Заради твоите деца и заради твоите најблиски, напиша Стојаноска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега