Стоилковски: СДСМ се одлепи од реалноста, Каевски и Бочварски вадат фотографии од базен од Јоханесбург како проект во Штип

Фејсбук и Гугл не влегоа во Македонија, ама пак затоа забеганото СДСМ влезе на Фејсбук и Гугл! Со една цел- Крадење на фотографии за свои непостоечки проекти! Дарко Каевски од агенцијата за млади и спорт и Бочварски градоначалникот на Штип сега се фалат со- фотографии од- внимавајте од Јужноафричка Република, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој истакнува дека базенот од приватно училиште во Јоханесбург, одеднаш станува базен во Штип! И со тоа се фалат, не еден туку двајца функционери од забеганото СДСМ – и Каевски и Бочварски!

-По фалења со фотографии од Германија, од Франција, од Индонезија од островот Бали и Тајланд, по лажните слики за проекти од Шпанија и нечиј гасовод, на ред дојде и базен од Јужноафричка Република! Ете тоа е забеганото и аздисано СДСМ, тоа е Зоран Заев- немаат со што да се пофалат на крај на нивниот мандат- па крадат фотографии од странство, прикажувајќи ги како свои капитални проекти! За потсетување минатата недела Зоран Заев се фалеше со фотографии од Гугл за пречистителни станици и за водовод и канализација со крадени интернет фотографии од Шпанија и нечиј странски гасовод. Сега неговите пулени Каевски и Бочварски вадат интернет фотографии прават флаери со фотографии од базен од Јоханесбург, како проект во Штип! Ова е класична измама, ова е класична лажна вест , класични лажни вести продуцирани од забеганото и аздисаното СДСМ! Ќе го цитирам Дарко Каевски вели „-Штип добива современ затворен пливачки базен“ и фотографија од Јужноафричка Република, вели Стоилковски.

Тој посочува дека лЛажната нормалност премина во лажна реалност.

-Прават лажни, потемкини села, со крадени фотографии од интернет . Одамна се разминаа со вистината, ама сега целосно се разделија со реалноста! Почитувани, пред вас е изборот меѓу Обновата која што ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измамата која што ја живееме со Зоран Заев и со СДСМ . Македонија не заборава. Народот ќе ја направи разликата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега