Стигнаа вакцините за сезонски грип: Кој сака да се вакцинира треба да се пријави

 

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.

„На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:  повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица. Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, се вели во соопштението на министерството за здравство.

10.10.2024 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега