Сопствениците на швајцарскиот ски-бар во Кранс-Монна, кој беше зафатен од смртоносен пожар, денес се појавија на сослушување во канцеларијата на државниот обвинител. Станува збор за брачниот пар Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика Морети (40), кои се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и палење од небрежност, објави „Дејли меил“.

Морети беа фотографирани при пристигнувањето во Сион, главниот град на кантонот Вале. Џесика Морети била видливо вознемирена и во солзи додека минувала покрај собраните фотографи.

Набргу по нивното пристигнување беше соопштено дека Жак Морети, еден од ко-сопствениците на барот „Ле Констелејшн“, е приведен. Извори за швајцарските медиуми наведуваат дека одлуката за приведување е донесена поради проценка за можен ризик од бегство.

Претходно оваа недела беше објавено дека барот, кој се наоѓа во популарен скијачки центар, немал спроведено безбедносни инспекции во изминатите пет години.

Exit mobile version