Непотврдени и неофицијални информации беа објавени утрово дека поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, е итно пренесен од Затвор Скопје во болница по влошување на здравствената состојба. Информацијата првично ја објави „24инфо“, повикувајќи се на свои извори.
Според објавените информации, причина за хоспитализацијата е влошување на постоперативна инфекција, поради што била потребна лекарска интервенција и продолжување на третманот во болнички
Сепак, други медиуми јавуваат дека Јакимовски сепак е во Шутка каде од болница се вратил пред 2 дена.
Стевче Јакимовски бил хоспитализиран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ речиси три недели, од 5 до 26 август, по здравствени тегоби, потврдил за „Скопје1“ директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски.
Според него Јакимовски веќе 3 дена е во затворот во Шутка
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје. Апелациониот суд претходно му ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење поврзано со објектот во кој беше сместена Општина Карпош. Бидејќи претходно поминал речиси пет месеци во притвор, во казната му бил пресметан и тој период.


