Стевановиќ: Се соочуваме со пациенти лекувани 8 недели, и по отстранување на маската за вентилација во секунда да починат

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостин е Милена Стевановиќ, директорката на Инфективна клиника. Таа објасни колку вирусот е непредвидлив, со примери каде што пациенти од стабилна ситуација, лекувани 8 недели, се влошува ситуација, и ја губи битката за кратко време.

„Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда“, рече Стевановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега