Стефковски: Продолжува обновата на Гази Баба

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за изградбата на пешачка патека на регионалниот пат Р-1103 во Колонија и Јурумлери.
Во својата објава, градоначалникот Стефковски напиша:
 
„Жителите од Колонија и Јурумлери добиваат пешачка патека по регионалниот пат Р-1103.
Во завршна фаза се градежните работи за изградба на пешачката патека на регионалниот пат Р-1103 која ја градиме по барање на жителите од Јурумлери и Колонија.
На една од средбите со граѓани беше истакнат проблемот со безбедноста на граѓаните поради недостаток на пешачка патека.
Издадов налог да се изработи проект и веднаш пристапивме кон изведба на градежните работи на терен. Во оваа фаза градиме пешачка патека во должина од 500 метри.
Барањата на граѓаните се решаваат, општината се менува.
Продолжува обновата на нашата Гази Баба." - напиша Стефковски.

24.02.2023 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа