Стефковски доцна вечерва на терен во Хиподром

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски вечерва заедно со службите на општината започна со акција за обележување на пешачките премини на локалните улици.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Вечерва сум на терен во Хиподром.

Заедно со службите од ЈКП Гази Баба започнуваме со акција за обележување на пешачките премини на локалните улици низ општина Гази Баба.

Сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација е важна за граѓаните и ние работиме на нејзиното оддржување во рамки на нашите надлежности.

Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба за нивната ангажираност и посветеност во работата.

24.02.2023 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега