Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Да ја чуваме слободата и со единство да чекориме кон иднината

    Стефковски: Да ја чуваме слободата и со единство да чекориме кон иднината

    08.09.2026 во 10:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, нагласувајќи го значењето на трите и пол децении од изборот за суверена држава.

    Во својата порака тој истакна дека зачувувањето на државноста претставува обврска кон идните генерации.

    „Денес со гордост го славиме 8 Септември – денот кога македонскиот народ храбро и достоинствено го избра својот пат – патот на независна и суверена Македонија. Три и пол децении носиме една идеја, една надеж и една обврска – да ја чуваме Македонија и да ја градиме посилна за генерациите што доаѓаат“, посочува Стефковски.

    Тој ја нагласи потребата од почитување на историското наследство и одржување на соодветно единство во општеството.

    „Македонија е наш дом. Македонија е наша чест. Македонија е нашата вечна љубов. Да ја чуваме слободата, да го почитуваме делото на генерациите пред нас и со вера, единство и храброст да чекориме кон иднината“, се вели во честитката.

    На крајот од пораката, Стефковски упати празнични честитки за Денот на независноста.

    „Честит 8 Септември – Ден на независноста! Вечна да си наша МАКЕДОНИЈО“, соопшти Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти

    07.10.2026 во 14:38

    Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“

    07.10.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.